Винарска визба Тиквеш

април 12, 2010

„Врвното од Македонија“ во Лондон и Париз

Зачувано под: гастрономија —— ВинарскавизбаТиквеш @ 08:25

Во изминатиот период Лондон и Париз беа домаќини на новите интернационални промоции на „Врвното од Македонија“ што претставува еден чекор во релизацијата на долгорочната цел на ВВ Тиквеш за освојување на светскиот вински пазар.

Светски познатиот шансониер Шарл Азнавур беше специјален гостин на промоцијата на врвните тиквешки вина која на 10ти декември 2009 за прв пат се одржа во Париз, Франција. На промоцијата присуствуваа шеесетина истакнати француски новинари, како и врвниот енолог Филип Камби кој започна да работи на создавање на нови врвни вина за ВВ Тиквеш. Вината од автохтоните македонски сорти, Темјаника Special Selection и Вранец Special Selection, како и вината од серијата Alexandria Cuvée, беа во фокусот на оваа промоција.

DSC_1540 copie

Kако дел од официјалната промоцијата на филмот “Underworld”  од уредничката на Love Magazine, Phoebe Arnold, која на 21 февруари се организираше во рамките на London Fashion Week, беа презентирани и врвните тиквешки вина. Еден од најубавите културни објекти во Лондон, Somerset House, беше местото каде се собраа околу 250 луѓе од светот на модата, филмот, културата и медиумите. Овие луѓе вистински уживаа во нашите вина, особено во Темјаника Special Selection која се потроши за само половина час. Поради популарноста која ја доживеаја нашите вина, претставниците на Лондонската модна недела искажаа интерес да ја продолжат соработката со Тиквеш спонзорирајќи ги нивните настани. Уживањето во вината на Тиквеш продолжи и на забавата по промоцијата на филмот во Graphic Bar каде минатата година организиравме дегустација на нашите вина.

DSC_1660 copie

март 25, 2010

Штандот на ВВ Тиквеш најпосетен на Меѓународниот саем за вино во Белград

Зачувано под: гастрономија, култура —— ВинарскавизбаТиквеш @ 11:02

Винарската визба Тиквеш учествуваше на првиот Меѓународен саем за вино (Beo Wine Fair) што од 24. до 28. феввруари се одржа во Белград во рамките на традиционалната манифестација Саем за туризам. Саемот за вино го посетија околу 55 илјади посетители, а штандот на Тиквеш предизвика најголем интерес и беше најпосетен. Посетителите коментираа дека на штандот на ВВ Тиквеш го имале најтоплиот прием со одлично вино и во прекрасна атмосфера поддржана од звуците на македонската традиционална музика.

На саемот изложуваа триесетина винарници и увозници на вино од Србија и од регионот. ВВ Тиквеш се претстави со својата најмлада серија на вина, Alexandria Cuvée, која наиде на одличен прием кај сите љубители и дегустатори на вино. Посетителите на штандот се интересираа за тоа каде може да ги купат овие вина. Најголема беше побарувачката за белата Alexandria  cuvée, но секако незаобиколни и не помалку барани беа добро познатите Темјаника Special Selection и Шардоне Limited Edition од белите вина и Мерлот Special Selection, Т’га за југ и Каберне Совињон Limited Edition од црвените вина.

Саемот на вино е организиран во соработка со Српското здружение на сомелиери – СЕРСА. За времетраењето на саемот како дополнителни манифестации се одржаа натпреварот за најдобар српски сомелиер, како и аукцијата на вина со хуманитарен карактер. Претставниците на ВВ Тиквеш за Србија – МВ СИСТЕМ, излицитираа 2 одлични вина, Dom Perignon 1992 и Marina Cvetic Trebbiano 2004 во износ од околу 1.800 ЕУР. Собраните пари од аукцијата се наменети за домот за деца без родители, а ВВ Тиквеш како општествено одговорна компанија со својата лицитација даде свој значаен придонес и поддршка.

Nikolina&vinskivitezovi

Nikolina&Tikves

март 15, 2010

Развивање на нови вина на В.В.Тиквеш

Зачувано под: гастрономија —— ВинарскавизбаТиквеш @ 19:05

Винарската визба Тиквеш го ангажираше светски познатиот енолог Филип Камби да работи на развој на нови висококвалитетни вина наменети за интернационалниот пазар. Камби е еден од петте водечки енолози во светот, со долгогодишно искуство во соработката со повеќе светски познати винарници. Постојано усовршување на виното и создавање на нови софистицирани вина и блендови – мешавини на повеќе сорти грозје, е една од клучните развојни цели на ВВ Тиквеш. Во исполнување на оваа стратешка цел, ќе се користи знаењето и искуството на некои од најреномираните светски познавачи на виното, како што е Французинот Филип Камби.

- За мене овој ангажман во ВВ Тиквеш претставува огромно задоволство, но воедно и уникатно искуство. Вината на Тиквеш за мене се вистинско изненадување. Целиот свој работен век го посветив на создавање на врвни, неповторливи вина, чиј вкус никогаш нема да го заборавите или помешате со некој друг. Од она што го видов и вкусив, вината на ВВ Тиквеш имаат доволно потенцијал, уникатни карактеристики и квалитет за да се носат и со најпознатите светски вина. Мојата задача, заедно со другите енолози во Тиквеш, е да им дадеме уникатна и неповторлива завршница на која нема да можат да и одолеат и најпребирливите консументи на виното, а воедно ќе продолжат да ја раскажуваат приказната за Тиквеш и Македонија“, истакна Филип Камби.

Камби потекнува од Јужна Франција, а неговата фамилија традиционално се занимава со винарство. Дипломирал прехранбен инженеринг и енологија. Од 1998-та година работи во престижниот Институт за вино во Франција. Неговиот пристап кон виното карактеристичен е по тесната соработка со винарниците и инсистирањето вината на кои работи да го содржат оригиналниот вкус и карактеристика на поднебјето.

_MG_5062

декември 22, 2009

Календар 2010

Зачувано под: гастрономија, уметност, фото —Tagged , — ВинарскавизбаТиквеш @ 17:22

Винарската визба Тиквеш за љубителите на доброто вино подготви новогодишно изненадување со провокативен календар за 2010 година. Календарот претставува спој на убавината и вкусот преку фотографиите со заштитното лице на линијата вина Alexandria cuvee, популарната Николина Пишек во амбиент кој ја отсликува природата и плодовите на виновата лоза.

Промоцијата на календарот беше на 10 декември во клубот Магацин во Белград, а на 16 декември во Скопје под мотото „Посакај“ кое е избраниот слоган за линијата Alexandria cuvee.

Линкови:

Идивиди,  Таратур,  Кирилица

Уживајте и Вие со нас!

01-Jan_Feb.jpg02_Mart_April.jpg03_Maj_Juni.jpg

04_Juli_Avgust_krivi_0.jpg05_Sep_Okt.jpg06_Noem_Dek.jpg

октомври 14, 2009

Обуки за сомелиери

Зачувано под: гастрономија, здравје, култура, образование —Tagged — ВинарскавизбаТиквеш @ 19:22

Зголемувањето на интересот за виното и потребата од постоење на винска култура во Македонија беа основа да ВВ ТИКВЕШ започне со спроведување на програмата “ТИКВЕШ школо за вино” пред 2,5 години. Обуките беа наменети за стручната јавност т.е. HORECA сегментот кој пред се треба да биде предводник на винската култура во земјата и е сегмент кој мора ги следи светските трендови во кулинарството и винарството.

Посетителите на обуката – келнери, бармени, менаџери и сопственици на ресторани, кафулиња, хотели, ја поздравија иницијативата на ВВ ТИКВЕШ за спроведуваље на ваква есенцијална обука, која е единствена од ваков тип во земјата, а која за кратко време стана позната И барана меѓу луѓето од HORECA браншата.

ВВ ТИКВЕШ изготви два типа на обука и тоа: кратки, основни обуки за вино во времетраење од 3 дена и регуларна обука за соммелиери со траење од 9 + 1 дена. Пракса е еден ден од обуката да се одржи во винаријата, со цел учесниците на обуката да можат практично да се запознаат со целиот процес на преработка на грозјето и подготовка на виното наречен “вински пат”. Остатокот од обуката учесниците се запознаваат со историјата на виното, винските региони, начинот на чување и служење на виното, комбинацијата на вино и храна и сето тоа проследено со практични вежби, дегустации на разни домашни и странски вина, со акцент на вината од ВВ ТИКВЕШ.

До сега одржани се 2 обуки за сомелиери во Скопје, од каде што излегоа 40 сертифицирани сомелиери кои го оформија првото Здружение на сомелиери на Македонија. Кратките обуки за вино се одржани во повеќе градови низ Македонија, како: Охрид, Кочани, Битола… и беа позитивно прифатени и поздравени од страна на угостителите, истакнувајќи дека ВВ ТИКВЕШ е единствената компанија која организира обуки за HORECA сегментот во Македонија, која се грижи за напредокот на винската култура и едукацијата на угостителите.

Секогаш се бара место повеќе на следните обуки, кои со нетрпение се очекуваат. Постои се поголем интерес и кај љубителите на виното да се организираат еднодневни обуки на кои можат да научат нешто повеќе за виното и начинот на служење и комбинирање со храната.

Последната обука се одржа во хотелот Континентал во времетраење од 4 до 6 јули и во истата беа вклучени 32 угостители од Скопје . Предавач на оваа обука беше Игор Луковиц кој е овластен обучувач и претседател на Здружение на сомелиери на Војводина, а воедно е предавач на сите наши претходни обуки.

ВВ ТИКВЕШ продолжува и во иднина да ги организира обуките за вино, а резултатите се повеќе од видливи.

_MG_6439_resize.JPG

јули 25, 2009

Вино и храна

Зачувано под: гастрономија, здравје, култура, образование —Tagged — ВинарскавизбаТиквеш @ 16:52

За да се збогати целокупното гастрономско доживување, виното секако треба да се пие со соодветна храна.

При комбинирањето на храната со вино треба да се земе во предвид вкусот на храната, начинот на кој е приготвена и зачинета, како и тежината на самото јадење. Следните предлози претставуваат водич за комбинирање на одредени видови храна со вина кои ние сметаме дека соодветно го надополнуваат нејзиниот вкус.

Салати

За свежи салати, совршена комбинација се свежите бели вина како Ризлинг. За салата со домати, препорачуваме Шардоне, а салатата од марула бара Ризлинг. Темјаника и Траминец спаѓаат меѓу белите вина кои одговараат со полесна храна, вклучувајќи ги свежите салати. Медитеранските салати идеално се вклопуваат со Alexandria cuvee розе.

Без оглед на видот, салатата треба да е умерено закиселена. Доколку сакате да ги почувствувате аромите на виното, избегнувајте да користите премногу оцет.

Вегетаријански јадења

Повеќето бели вина се добра комбинација со вегетаријанската храна и зеленчукот. Различните видови на зеленчук на скара одат добро со цветните ароми на Траминец. Во зависност од начинот на кој е приготвен, со домати или пак со кремаст сос од печурки, рижотото е добра комбинација со Ризлинг или Темјаника. Вкусот на тиквичките и модриот патлиџан се истакнува во комбинација со Темјаника и Траминец и Alexandria cuvee бело..

Морски специјалитети

Со морските специјалитети секогаш се избира бело вино. Школките добро одат во комбинација со Траминец поради свежината на виното. Ризлинг и Шардоне се препорачуваат со лигњи и октопод бидејќи овие вина се комплементарни со суптилните вкусови на нивното деликатното месо. Мешаните морски плодови бараат свежи, добро изладени бели вина, како на пример Alexandria cuvee бело и Ризлинг.

Риба

Бранцинот и орадата се видови риба кои се комбинираат добро со лесни, свежи, бели вина како Alexandria cuvee бело. За разлика од нив, туната е тип на риба која би била совршена комбинација со лесно црвено вино или Alexandria cuvee розе. Ви препорачуваме Мерло или Alexandria cuvee црвено со лосос на скара, а Шардоне созреано во дабово буре со лосос во бел сос затоа што ова вино го надополнува богатиот вкус и структура на сосот.

Месо

Во зависност од начинот на кој месото е приготвено, зависи и изборот на вино. За средно-печено месо ви препорачуваме Мерло и Alexandria cuvee црвено; за добро печено месо и месо на скара, Каберне Сувињон или Вранец. Доколку месото се служи со сос, изберете вино кое ќе го надополни вкусот на сосот. Со чадено месо одберете Alexandria cuvee розе.

Белите вина со полно тело се добра комбинација со лесно зготвено месо како пилешко, свинско, мисиркино, дури и телешко. Темјаниката е ваков тип на вино

Тестенини

Иако основата на различните видови тестенини е иста, виното се избира во зависност од сосот со кој тие се приготвени. Вообичаено, сосовите со месо бараат вина како Мерло или Каберне Сувињон поради нивниот богат вкус и полно тело. Со тестенини во црвен сос, најдобро е Alexandria cuvee розе.  За разлика од нив, белите сосови се одлична комбинација со Шардоне. Тестенините приготвени со сос од домати се секогаш добра комбинација со Ризлинг и Траминец.

Десерти

Кремастите и овошни десерти најдобро одат со мускатно-цветните ароми на Темјаниката, додека чоколадните десерти се најкомпатибилни со Мерло поради добро избалансираните киселини и слаткастиот финиш како резултат на исклучителниот овошен карактер на виното.


Уживајте во вкусната храна со соодветно избрани добри вина.

Vinarija%20Tikvesh_barrique.jpg

јули 13, 2009

Новиот рекламен спот

Зачувано под: Некатегоризирано —— ВинарскавизбаТиквеш @ 00:06

Николина Пишек во рекламен спот за Alexandria Cuvèe на Тиквеш:

 

 

 

Уживајте и Вие со нас!

јули 6, 2009

Виното раскажува

Зачувано под: Некатегоризирано —— ВинарскавизбаТиквеш @ 01:01

_MG_8826.JPGТиквешкиот регион е најголемиот вински регион во Македонија. Тука, каде медитеранската клима од југот, со карактеристични долги топли лета, се судира со континенталната клима од север со благи, врнежливи, суб-медитерански зими – се создаваат извонредни, уникатни услови за одгледување на грозје од кое се добиваат темпераментни, комплексни, високо квалитетни вина, богати со овошни ароми.. Луѓето кои живеат во овој регион со љубов и посветеност ја негуваат традицијата за одгледување на виновата лоза и производство на вина со  опоен вкус и арома.

Винарската визба Тиквеш е еден од најзначајните чувари на таа традиција. Нејзината приказна започнува во 1885 година, како семејна винарија со скромно но впечатливо производство на вина. Овде, повеќе од 120 години, небото, земјата, сонцето, лозата, мирисот на југот и љубовта учествуваат рамноправно во создавањето на историјата на оваа винарија. Тиквеш се развива во најголема и најсовремена винарија во Република Македонија со  вкупен капацитет за производство од 55 милиони литри. Коморите за зреење на виното во подземниот подрум со површина од 1 500 содржат 450 буриња барик и 180 дабови буриња. Во тек е и изградба на дополнителен простор од 2 000 m² за стареење на виното во шишиња. Тиквеш поседува 500 хектари сопствени насади на винова лоза и соработува со повеќе од 2 000 индивидуални одгледувачи на грозје од Тиквешкиот регион.

Во секое од вината на Тиквеш има посебна, единствена приказна. Асортиманот од 30 видови квалитетно вино е класифициран во 15 вина во линијата Classic, 7 во линијата Special Selection, 4 во линијата Limited edition, 3 во најновата линија Alexandria Cuvee и едно пенливо вино, шампањ.  Последната линија на производи – Alexandria Cuvee е создадена преку комбинација на повеќе видови грозје во идеален размер и совршен баланс, што претставува врв и вистинска виртуозност во винарската индустрија.

Vinarija%20Tikvesh_restaurant.jpg

Винарската визба Тиквеш нуди потполно уживање. Сите добронамерни гости и љубители на виното можат да не посетат и да ја откријат својата приказна во нашето вино. Во срцето на подрумот, на крајот од долгата „Алеа на барикот“ се наоѓа нашиот атрактивен ресторан. Спојот на модерното со традиционалното, во автентичен амбиент. Овде, речиси 10 метри под земја, можете да уживате во дегустацијата на нашите вина со закуска или ручек од македонска или интернационална кујна кои по ваша желба ќе ги подготви нашиот готвач. Понудете им на своите пријатели несекојдневно доживување. Посетете нè!

Доколку сакате да бидете дел од винската магија и ја изберете нашата винарија за Ваша туристичка дестинација, можете да закажете посета или да нè контактирате за дополнителни информации на tours@tikves.com.mk или на телефон (+389) 043/414-987  локал 119.

Препуштете се на задоволството и уживајте!

Ние сме тука за Вас

јуни 17, 2009

Избираме креативен промотивен слоган!

Зачувано под: Некатегоризирано —— ВинарскавизбаТиквеш @ 10:52
IN VINO VERITAS!

Cuvee%20sisinja.jpg

Во име на Alexandria Cuvèe
Се колнам дека ќе ја зборувам вистината, само вистината и ништо друго освен вистината.
Наздравје!
Вистината никогаш досега не изгледала толку привлечно.
Емоција преточена во вино - Alexandria Cuvèe!

Alexandria%20Cuvee_red.jpg Alexandria%20Cuvee_roze.jpg Alexandria%20Cuvee_white.jpg

Винарската визба Тиквеш отвара дискусија за избор на најдобар слоган за промотивната кампања на колекцијата вина Alexandria Cuvèe
Заштитно лице на оваа линија производи е Николина Пишек.
Ги очекуваме Вашите креативни предлози во коментарите под текстов, на Вашите блогови (сепак наведете линк во коментар под текстов) или по e-mail на blog@tikves.com.mk. Најдобрите предлози ќе бидат наградени со пакети од секоја група производи на колекцијата Alexandria Cuvèe како дел од нашиот богат асортиман на вина.
Вие сте на потег!
Да го одбереме најдобриот слоган за најдобрите вина!

Modula_Cuvee.jpg

јуни 15, 2009

Неповторливо искуство – Alexandria cuvèe

Зачувано под: Некатегоризирано —— ВинарскавизбаТиквеш @ 23:05
Спој на различните вкусови и ароми преточени во поинакво, неповторливо хармонично искуство…

Cuvee_ispis_0.jpg


Alexandria Cuvèe бело

Квалитетно суво бело вино, купажа (cuvèe) од сортите Chardonnay и Riesling, со нежна златна боја и зеленкаста рефлексија. Се одликува со свежи и интензивни ароми на банана, круша и праска, како и ноти на расцутени овошни цветови од јаболко, портокал и лимон, со добро избалансирана киселост и долготраен вкус.

Температурата на служење на ова вино е 10 – 12º С. Најдобро се комбинира со морски гргеч, школки, бело месо на жар, свежи медитерански салати и лесни тестенини во млечен сос.
tikves3_2.JPG
Alexandria Cuvèe црвено

Квалитетно црвено вино, купажа (cuvèe) од сортите Vranec и Merlot, со интензивна рубин-црвена боја. Се одликува со комплексни ароми на црвено и црно овошје – цреши, сливи, малини и црна рибизла, и ноти на сушен тутун, чад, црн пипер и цимет, вткаени во полното и заокружено тело, со силен зачински финиш.

Температурата на служење на ова вино е 14 – 16º С. Идеално се комбинира со телешко месо, свинско месо на скара, ќебапи и тврдо сирење како чедар и пармезан.

tikves2_2.JPG

Alexandria Cuvèe розе

Квалитетно розе вино, купажа (cuvèe) од сортите Vranec и Merlot, со светло-розова боја и сребрена рефлексија. Се одликува со раскошни овошно-цветни мириси на шумски јагоди, рози и божур, комплексни минерални ароми, и совршена рамнотежа на зрело тело и елегантен свеж вкус.

Температурата на служење на ова вино е 12 – 14º С. Идеално се вклопува со лесни медитерански салати, тестенини во црвен сос, зеленчук на скара, темпура, солено сирење и чадено месо.
Заштитно лице на линијата Alexandria Cuvee за оваа година е Николина Пишек

Powered by WordPress